http://www.macedonians.tv/showthread.php?t=3707&page=64
Напишано од Alain Delon
"Аз предлагам на всички македонски БЪЛГАРИ на този форум
да бойкотират темата Клуб.....'вистински' 'приятели'...
Ако тази тема беше отворена от Борче Трайковски,това е друго нещо...
Ето какво написа Борче преди няколко месеца:
"Убаво е да се познава историјата, преку неа човек си ги осознава и корените, а дрво без корен е сушарка,
нема иднина освен да биде запалено, но, најубаво е кога историјата ќе се користи како зближувачки фактор
помеѓу два сродни народи, како што се Бугарите и Македонците.
Особено е препознатлива оваа блискост и по културата и по јазикот и по традицијата.
Еднаш некој спомена на форумов, всушност, ме праша
дали се сеќавам дека некогаш сум погледал некој бугарски филм на која било македонска телевизија?
И, навистина, одговорот е фрапантен и зачудувачки, ама гласи не!
Веднаш се отвараат низа подпрашања, на пример, зошто не се прикажувале бугарски филмови?
Зошто бугарите се претставени исклучиво како окупатор, или уште полошо, како многу лош окупатор,
а Германија и Германците, како колевката на фашизмот, ги посочуваме за пример во Европа?
И, тука неможе да не се признае дека сето тоа е правено смислено и тендециозно.
Зошто во Бугарите гледаме постојана опасност, а реално ја немаме, напротив?
Кој ни го свртел вниманието, па и сега, после се’, во сите оние кои се претставуваат како Бугари, овде во Македонија,
да гледаме со презир, како кон продадени души, како кон нешто невредно?
Ако знам цврсто да се опирам и да се противставувам на убеденоста дека сум Македонец,
тогаш кој ми го дал правото да ги потценувам оние кои се чувствуваат за Бугари овде во мојата Македонија?
Историјата нуди разни ликови, и добри и лоши, и позитивни и негативни,
но, сегашноста не можеме да ја одржиме или пак, уште помалку да ја трасираме иднината,
ако немаме храброст да се соочиме и со некаква друга вистина од таа наша заеничка историја?
Тоа наполно важи исто за двете страни, но, тврдоглавоста за признавњето на само една историска вистина,
не нуди перспектива за иднината. ..."