http://www.macedonians.tv/showthread.php?t=3707&page=97
написано от filip:
Интересно. Исто мислиме а сепак некаде се разидуваме во чекорите.
Исто мислиме затоа што сакаме добро за нашиот народ.
Прво Јас се мислам дали воопшто има цел ова пишување.
Штом одлучив да пишувам значи...цел има.
Каде се разидуваме ?
Еднаш ти го посочив примерот на Босна, само сеќавам дека не ме разбра.
Босна ја имаше таа несреќа, да последните Балкански срања од 2 с.в.
и ова неодамнешното со распадот на Јг. се префрлат на нејзина територија.
Порано се случувале на Мк. територија.
И кој беше резултатот од истите ?
Муслиманите во Босна кои најповеќе пострадаа рекоа, не сме Срби, не сме Хрвати, ние сме Бошњаци.
Ја сеќаваш ли аналогијата ?
Значи и да си 100 % во право за она кое го пишуваш ( а на Балканот такво нешто не постои), враќање назад нема.
Незнам како да не убедувале Грци и Срби, ако немало во Вардарскиот дел длабоко пуштен никулец или корен, тоа немало да се случи.
Ако сакаш земи ги за пример преживеаните во Беломорието, кои пак комунисти нив ги натерале да имаат Мк. чувство денес ?
Се работи за природни процеси. Ако Тракија била ист временски период како и Мк. надвор од Бг.
и притоа на нејзина територија се воделе војни со страдањата кои одат со истите,
и притоа да имало повеќе страни кои сакале да го присвојат населението во нивниот ешалон,
резултатот би бил ист како со Босна и Македонија. Денес ќе имавме Тракијци.
Туку каде се нашите историски грешки ?
1. Јас се прашувам зошто средновековните држави на Симеон, Самоил, Душан, Асен (незнам кој),
се распространуваат на територии кои во голем дел се преклопуваат ?
Одговор. Имале поддршка од народот.
Заклучок. Сите тие се наше заедничко наследство.
Има ли смисол да се тепаме и докажуваме кој е чиј ?
2. И со Рим, и со Византија ( пример Јустинијан ), на моменти владееле императори од наше потекло.
Па и Османлиската империја не е исклучок, наши потурченици често завземале важни положби.
Да не говорам за империјата на Александар.
Е поради тоа на империите на може да им се стави национален белег од денешен аспект.
Истите остануваат како општо цивилизациско наследство на сите.
Каде е нашата грешка ? Вие за Византијците ( правилно Ромеи ), ги нарекувате Грци.
Е па со напуштањето на Турците на Балканот се знае каде и докаде беа Грци, јужниот дел и покрај брегот на бело и црно море.
Во внатрешноста бевме ние.
Поради нашата слабост, поради нашите бескрајни спорови и тепачки тоа е така.
Туку да се вратам на сегашноста.
Не политичари, не историчари, не сите белосветски пробисвети да ни кажат на нас Македонците дека сме биле Бугари тоа не може да помине.
Најповеќе можеме да кажеме, биле некои ама сега веќе не сме.
И затоа залудни се сите овие расправии, ниту ние можеме вас да ве убедиме дека сте Македонци, ниту вие нас обратното.
Јас само честно го изнесувам моето размислување.
Несакам да се случува како во минатото кога сме се требеле помеѓу себеси. Како кажа Софмак,
сите во ВМРО велеле да ме слушаа мене се ќе беше во ред, а резултатот....катастрофа.
Нешто треба да се стори.
Тоа нешто е што треба час поскоро да размислуваме Европски, а не Балкански.