#1 [url]

Jun 27 11 10:51 PM

И пак за Яне Сандански:

http://www.macedonians.tv/showthread.php?t=1123&page=5

Цитат:
Напишано од афион
ЗОШТО ЈАНЕ САНДАНСКИ ЖИВЕЕ ВО КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
........
Сандански беше деец и идеолог, кој работеше на терен, а тој што работи понекогаш знае и да згреши,
прилагодувајќи се секогаш на условите во дадениот момент, но и на потребите и идеалите во кои тој веруваше.
А тие (македонските идеали) кај него, за ралика од многу други македонски дејци кај кои варираа или воопшто ги немаше,
останаа непроменети од почетокот до крајот на неговата национално-револуционерна дејност,
иако залагајќи се за нив не ретко од одредени личности беше изманипулиран.
Тие идеали се истите оние за кои работеше и загина Гоце Делчев.
................

....го преставувате како „огромна штета по ослободителното македонско движење“.
Господине Ефремов, еден од корифеите на македонското национално ослободително движење, навистина ова не го заслужи.

Првата „штета“, според вас, која Сандански ја направил кон револуционерното дело било „аферата Мис Стоун“.
Но пред да се критикува оваа акција, сте требале да ги објасните условите во Организацијата во времето кога истата се случила.
МРО во тој период се соочувала со огромна потреба од финансиски средства,
без кои не било можно организирање на било каква револуционерна активност.
Покрај самофинасирањето, т.е. парите кои биле собирани од македонскто население,
кое се разбира и тоа го критикувате, меѓу другите начини било и изнудувањето на средства
преку киднапирање на видни османлиски и странски државјани.
Алтернатива секако постоела, но како истата би влијаела врз самостојноста на Органиазција,
или пак мислите дека за парите и оружјето што биле нудени од страна на кнежевството Бугарија,
истата не би барала своевидна компензација, т.е. ставање МРО под своја контрола?!
Во целата приказна околу овој настан, а се со цел да го дискфалификувате Сандански,
го користите и името на Гоце Делчев, кој велите дека не се сложил со предложените киднапирање од страна на Јане.

Читателот ќе добие впечаток дека Делчев бил целосно против ваквиот тип на акции,
но самиот тој во неколку наврати во Струмичкиот револиционерен округ учествувал во вакви потфати,
кои за жал секогаш завршувале без успех.
Па поради тоа сметал дека и оваа акција ќе немала успех, а не дека бил против ваквиот начин на дејствување.
На крај, парите кои биле добиени од откупот на мис Елена Стоун не завршили во „џебот“ на Јане,
туку истите биле искористени во борбата и отворената војна која ВМК ја започнала против МРО во 1902 г.,
а се со цел да ги завладее североисточните територии на Македонија,
кои веќе биле организирани од страна на Внатрешната организација.

„Полуграмотниот марксист“, како милувате да го наречете Сандански,
го обвинувате дека останал на страна и бил индеферентен за време на Илинденското востание,
без да прецизирате дека првенците на Организацијата (Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров и други)
биле исто така против започнувањето на едно предвремено востание,
иницирано од инфилтрирани личности во МРО, чија цел била, единствено, тоа да се крене,
неразмислувајќи за последиците од една таква предвремена акција.

„Теоријата на Сандански[/B]
Значи која беше теоријата на Сандански? Тој по потекло од Пиринска Македонија (денешна бугарска)
припаѓаше на т.н. Славофони Македонци.
Но, имаше доволно образование и способности за раководење и секако голема волја,
одлучност, храброст и настојчивост во борбата.

Проповедаше дека, како што се ослободи од турското ропство грчката нација, српската и бугарската,
дојде време да се ослободи и ’македонската нација’
и целосна тогашна Македонија која се наоѓаше под Турција да стане сосема независна држава.
Пропагираше дека жителите на Македонија, без исклучок сите, не се ниту Бугари, ниту Грци, ниту Власи,
па дури ако зборуваат едни на словенскиот македонски идиом, како и тој лично,
или грчкиот јазик или влашкиот идиом, кој е мешавина од романски, грчки и турски,
но жителите на Македонија се само Македонци,
чисти наследници на древните Македонци, на Филип и Александар!“
................
Сандански стана мит меѓу македонското население, мит кој беше создаден токму поради таквата негова национална идеологија,
која за жал кај многу ревлуционери, негови современици, воопшто ја немаше.

Димитар Љоровски Вамваковски

***
Напишано од Карев

Чета и не вярвам на ушите се... както казват някои.
И се прашувам как така митологичен херой като Яне не стана "Македонецот на векот"?

И как така Янето е величав македонски герой, а Ванчо Михайлов е най-мръсният злодей ?
Как единият е почти канонизиран за светец, а другият низвергнат и захвърлен на бунището?

За мен е кощунство Сандански да бъде приравняван с Гоце Делчев.

Нашите комити купуваха пушки с пендарите на невестите си.
А Хероят Яне Сандански се покри с 14 хиляди лири в момент, когато Организацията изнемогваше за средства.
Гледаше отстрани как избиват безпомощното население...
Хероят броеше паричките. Неговите си парички...
И вие ке ми го сравнявате со Гоце!?

Бил кажал такво си и онакво си за "нацията". Хайде холан.
Кому и кога го е кажал?
И кога всъщност е кажал вистината ? / Оти он е кажувал много работи /

__________________
За повечето хора хоризонтът стига дотам, докъдето могат да видят.
Светът на Балканите тъкмо днес е пълен с много нови възможности за поглед надалеко.
Някои имат очи за тях - други нямат.