#1 [url]

May 2 11 8:35 PM

Вероятно я знаете оная приказка за двамата братя от нашия край / Гоце Делчев/,
дето теглили чоп за един имот.
Паднала се по-неизгодната част на малкия брат и той рекъл:
- "О-о-о, тва не е чоп бате, тва не е чоп!"
По-големият отстъпил и пак теглили чоп.
Ама пак се повторило същото - "О-о, тва не е чоп бате... Не съм съгласен с такъв чоп..."


***
http://www.macedonians.tv/showthread.php?p=178370#post178370

ОМО „Илинден - ПИРИН“ за пописот во Бугарија

Македонците во соседството и во дијаспората Меѓународно македонско движење за човекови права

афион
Модератор

Македонците се бришат со коректор

Моето пописно ливче ќе биде неважечко! Кога попишувачот по грешка запиша дека куќата ми е изградена од бетон,
извади коректор и избриша.
Зарем ќе ме избројат како уште еден Македонец на пописот во Бугарија,
кога јас како учител во дневниците не смеам да употребувам коректор,
а не, пак, тоа да се прави во пописно ливче,
раскажува Иван Сингартиски од селото Мусомишта во близина на градот Гоце Делчев.

Ова е само еден од многуте случаи на притисоци врз Македонците на последниот попис во Бугарија,
кои деновиве ќе бидат испратени до европските институции во Брисел и во Стразбур.

Партијата на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден - ПИРИН“ го подготви извештајот и декларацијата
преку која ќе ги информираат бугарските власти, но и меѓународните институции
дека не ги признаваат резултатите од пописот што се одржа во февруари годинава,
поради притисоците врз македонското малцинство во земјата.

- Старите умираат, а младите се плашат да се пишат како Македонци, токму поради ваквите случаи на закани и притисоци -
вели Сингартиски за „Дневник“.
Пополнување на формуларите со молив, прескокнување на графата во која треба да се наведе национална припадност
и одбивање на попишувачите да напишат дека се Македонци
се само дел од искуствата кои се наведени во извештајот на ОМО „Илинден - ПИРИН“.

Од градот Гоце Делчев се пожалиле дека на електронскиот попис, при пополнување на Македонец во графата,
самиот програм одбивал да ги прифати.
Кај дел од Македонците, пак, воопшто не ни дошле попишувачи, така што не знат дали некој ги преброил.
Во општината Петрич, дел од Македонците пред пописот добиле предупредување да внимаваат како ќе се изјаснат.

Се наведува и случајот во општината Сандански, каде што градоначалникот одел со попишувачот
и ги пополнувал ливчињата на луѓето кои не биле дома.
Од ОМО „Илинден - ПИРИН“ се сомневаат дека може да се манипулира и со податоците од електронскиот попис.
При подготвувањето на извештајот, од партијата забележале дека дел од Македонците
се плашеле да ги пријават нерегуларностите од пописот, со објаснување
дека не сакале да си имаат работа со полицијата, судовите и со администрацијата.
Притисоците на бугарските власти почнаа уште пред пописот кога неколку Македонци беа отпуштени од работа,
а беше уапсен и сопственикот на печатницата во која се печати билтенот „Македонски глас“.

Ивана Костовска

Името ми е потврда дека сум Македонка

Попишувачите во селото Коларово, Петрич, одбиле да ја запишат како Македонка
88-годишната Македонка Велева Гугушева со аргумент „тука нема Македонци“.
Таа инсистирала да ја запишат како Македонка, а како аргумент го навела и сопственото име.
Но и покрај тоа, попишувачот напишал дека е Бугарка.
Жената почнала да плаче пред соседите и се жалела дека се чувствува како да ја направиле предавник.
По неколку дена попишувачот се вратил и го исполнил барањето на Македонка.

Интервју: Стојко Стојков, претседател на ОМО „Илинден - ПИРИН“

Резултатите зависат од желбата на бугарските власти

-Каква е целта на извештајот и декларацијата што ја подготвивте?

- Ние преку извештајот и декларацијата ќе ги информираме институциите во Брисел и во Стразбур,
како и амбасадите за сите притисоци врз Македонците
кои беа извршени пред и за време на пописот
чии резултати не ги признаваме.

-Кои се вашите најголеми забелешки за пописот?

Пописот во Бугарија се одржа во специфична атмосфера на страв
како кај луѓето, така и кај попишувачите.
Дел од ливчињата беа пополнувани со молив, на оние кои се декларираа како Македонци
им велеа дека не постои такво нешто...нова техника е користењето коректор, што е забрането,
па потоа ливчињата се сметаат за неважечки.

- Кога се очекуваат официјалните резултати од пописот и колкава очекувате да биде бројката на Македонци?

Резултатите се очекуваат во јуни.
Ние немаме никакви очекувања затоа што колку Македонци ќе има во пописните резултати
зависи од желбата на бугарските власти.

***
Господа управляващи,
Моля, признайте ги най-сетне тия блюдолизци. Стига са ревали, че никой не ги забелязва.
И без това една част от техните спонсори са от една държава, където в името на традицията и за атракция,
заради 400 - 500 аборигени е призната отделна нация - аборигенската.
Те имат представители в Парламента.

Защо и ние да си нямаме аборигени в Парламента?...