#1 [url]

Jul 26 09 9:42 PM

Да се прошетаме низ "Кайгана" ,
където полетът на човешката мисъл няма граници...


Напишано од bitushanec

"...Со создавање на голема Бугарија контролирана од Русија, со излез на Солун и отвореното средоземно море,
Русија ќе си ги решела своите логистички проблеми.
Рускиот цар се титулирал и како Самодржец Болгарски, поради владеењето со Волшка Бугарија.
Новата балканска Бугарија требало да обезбеди на Русија нејзина вазалска држава.
Руските стремежи за нивна сателирска држава се оствтарија 1878 г., која ја ослободија Бугарија и и` создадоа држава.

Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство,
русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име.
Затоа, почнуваа да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење,
за што постајат многу историски извори.

Руските конзули на Балканот почнале многу Македонци да испраќаат на бесплатно школување во Русија.
На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина;
еден од нив е Партенија Зографски
(Филип Томов, "Живот и дейност на Хаджи Партения". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35).
Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија
и својата епархија ја става во унија со Ватикан.

Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства Робевци (Роби, власи) и Лазаревци од Битола
да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци
(Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441).
Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински,
кој работел на создавање Бугари во Македонија,
па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчиња “,
а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација.
Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто Власи од Македонија."


http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=38288